Разумни трансфери: Лидс Јунајтед
YouTube каналот за Tifo Football презентира информативни, илустрирани фудбалски анализи. Во најновиот серијал „Разумни трансфери“ ги анализира најдобрите варијанти за трансфери кои ќе им годат на клубовите, финансиски и организациски.
Лидс Јунајтед се следни за анализа. Клубот конечно се врати во Премиер лига и има значителни ресурси. Сепак, Марсело Биелса е еден од најспецифичните менаџери во фудбалскиот свет и реорганизацијата во екипата ќе биде деликатен, а можеби и опасен процес.