РБСМ воведе нова кредитна линија за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Развојната банка започна со реализација на Кредитна линија за енергетска ефикасност (ЕЕ) и обновливи извори на енергија (ОИЕ) преку банки учеснички наменета за обезбедување на средства за инвестиции за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија на микро, мали и средни трговски друштва, ТП и занаетчии.

Износот на средствата за реализација на оваа кредитна линија е 10 милиони евра.

Намената на кредитната линија е за поддршка на проекти за Енергетската ефикасност ЕЕ – Максимална вредност на проектот е 30.750.000 денари со рок на отплата до 8 години со вклучен грејс период до 12 месеци и за Обновливи извори на енергија (ОИЕ) – Максимална вредност на проектот е 49.200.000 денари со рок на отплата до 12 години со вклучен грејс период до 24 месеци.

И во двата случаја РБСМ ќе кредитира до 60% од износот на проектот, додека останатите минимум 40% ќе се кредитираат од останати извори како кредит од банката учесник или сопствени средства на инвеститорот (градежи, опрема, обртни средства, готовина и сл.)

Каматна стапка за крајните корисници е 1,6% годишно.

Заинтересираните компании можат да поднесат барање за користење на средства од кредитната линија до 9 (девет) банки учеснички и тоа: Шпаркасе Банка АД Скопје, Стопанска Банка АД Битола, Стопанска Банка АД Скопје, Уни Банка АД Скопје, Халк Банка АД Скопје, Силк Роад Банка АД Скопје, ТТК Банка АД Скопје, НЛБ Банка АД Скопје и ПроКредит Банка АД Скопје.

реклама

Македонија

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Read more

Почна заверката на пензионерските билети на ЈСП за 2026 година

Read more

Бислимоски: Доколку ЕУ ни воведе јаглеродна такса, тргување со струја ќе има само меѓу земјите што не се во ЕУ

Read more

Ќе нема струја во делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба

Read more
 

Вести

Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар

Читај повеќе

Банкрот за производителот на роботски правосмукалки Roomba

Читај повеќе

Уапсен детски психијатар во Хрватска, со години ги злоставувал своите малолетни пациенти

Читај повеќе
  • play_arrow

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Читај повеќе

При претреси во Виница и Виничко пронајдени 43 златни и сребрени монети, петмина уапсени

Читај повеќе

Каде се заработува најмногу? Објавени просечните плати низ Европа

Читај повеќе

Reuters: Германија има план од 10 точки за Украина

Читај повеќе

Швеѓаните забележале руски војници на танкери од „флотата во сенка“

Читај повеќе
  • filter

Што одбра Бугарија да стави на евро монетите?

Читај повеќе