Педри им откри на шпанските новинари како му било кога бил одбиен од Реал Мадрид.
Педри е еден од најдобрите млади фудбалери во светот и првотимец на Барселона, а во клубот дојде на проба од Лас Палмас пред две години. Барселона го купи за 17 милиони евра. Пред Барселона, овој играч од средниот ред беше на проба во Реал Мадрид, но не помина.
„Отидов таму и првите неколку дена не можев да тренирам поради снегот. Тренирав три дена. Еден ден ме ставија во Б тимот. На крајот ми рекоа дека не сум на тоа ниво и дека ќе продолжат да ме следат. Сега сум таму каде што сакав да бидам. Никој не сака да биде одбиен, но тоа ме мотивираше. Не знам кој ме одбил, ама знам што ќе му кажам ако го видам: Уживам во Барселона“, изјави Педри за El Partidazo De Cope.
Според Transfermarkt, Педри вреди 90 милиони евра. Неговиот договор со Барселона трае уште четири години.