Рецепт на денот: Интернет хитот Dirty Martini Pasta

Рецептот за тестенини инспириран од легендарниот коктел Dirty Martini стана хит на интернет, а многу луѓе веќе го пробаа.

„Овој рецепт го правам постојано, најдобар е“, „Направен за мене“, пишуваат корисниците на социјалните мрежи.

Состојки:

шпагети или лингвини

2 чешниња лук, исечкани или издробени

грст зелени маслинки без семки, здробени и исечкани

кора од лимон исечкана на ленти

1-2 лажици маслинова саламура

2 лажици џин или вотка

1 лажица ладен путер

сол, свежо мелен црн бибер

малку магдонос, исечкан или искинат

1-2 лажици сино сирење по избор

Подготовка:

Ситно исечкајте го лукот или здробете го. Зелените маслинки лесно издробете ги и грубо исечкајте ги. Тестенините сварете ги ал денте во зовриена вода која добро сте ја посолиле и зачувајте околу ¼ чаша од водата во која се варени.

Додадете маслиново масло во тенџере на средна топлина. Додадете го лукот и измешајте, а потоа додадете ја кората од лимон и мелените маслинки и кратко пропржете додека лукот малку не се потпече, но внимавајте да не изгори. Внимателно додајте го алкохолот во топлата тава и мешајте додека речиси не испари. Измешајте ја маслиновата саламура додека не се соедини. Постепено додавајте го путерот и постојано мешајте за да добиете мазен сос.

Додадете ги сварените тестенини и зачинете со сол и бибер по вкус. Ако садот изгледа сув, додадете малку вода од варењето на тестенините. Послужете го топло и украсете со маслинки, кора од лимон, свеж магдонос и издробено сино сирење.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Рецепти

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Read more

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Read more

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе