Речиси секој трет тестиран бил позитивен на COVID-19 минатата недела

Во периодот од 24 до 30 јануари годинава во земјава се регистрирани вкупно 11.916 нови позитивни случаи на COVID-19, што е зголемување од 2,7% во однос на претходната седмица.

Тестирани се вкупно 38.518 материјали, за 2,0% помалку од претходните седум дена, а процентот на позитивност се движел од д 22,5% до 35,8%, просечно 30,3%, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=6.033; 50,6%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци – 1.420,7/100.000.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапени се возрасните групи над 60 години (22,1%) и од 30 до 39 години (22,1%). Најмал број има кај децата до девет години.

Се забележува намалување на бројот на заболени кај скоро сите возрасни групи, а најмногу кај лицата од 10 до години (11,0%). Раст има кај возрасните групи од 50-59 со 3,3% и над 60 години со 25,3%.

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 6.359 (53,4%) лица од женски и 5.557 (46,6%) од машки пол.

Согласно новиот алгоритам за оздравување во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 13.041 лице кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 1.558 реинфекции, речиси идентично како и претходната недела.

Пријавени се 148 смртни случаи во 26 градови, за 38,3% повеќе во споредба со претходните седум дена. Најголем дел се од Скопје (48). Во однос на возраста, 89,2% од починатите се над 60 години.

Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 671 лице (22,0% повеќе од претходна недела), а од нив 390 се на кислородна поддршка и 31 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Заклучно со 30 јануари, пријавени се вкупно 268.901 случај на COVID-19. Регистрирани се 8.409 смртни случаи. Активни во моментов се 13.628 лица, а 246.864 се водат како оздравени.

Вкупно 866.227 лица се вакцинирани со барем една доза вакцина. Комплетно вакцинирани (со две дози) се 842.917, а трета доза примиле 128.268 лица.

Опфатот со две дози на вакцина против COVID-19 кај населението над 18 годишна возраст изнесува 50,6%, односно 46,7% над 12 годишна возраст. Опфатот со две дози кај вкупната популација е 40,7%.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more
 

Вести

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе