Redmi K60 Ultra е новиот член на семејството K60

Во декември минатата година, Xiaomi ја претстави серијата Redmi K60, која се состоеше од три модели, Redmi K60, Redmi K60E и Redmi K60 Pro, а сега им се придружи и четврти член од семејството.

Станува збор за моделот Redmi K60 Ultra, кој се напојува со процесорот Dimensity 9200+ и кој користи софтвер MIUI 14, а процесорот е поврзан со до 24 GB LPDDR5X RAM и 1 TB UFS 4.0 меморија. Доби 12-битен екран од 6,67 инчи со резолуција од 2.712 x 1.220 пиксели со максимална осветленост од 2.600 нити и PWM затемнување од 2.880 Hz и брзина на освежување од 114 Hz со стапка на семплирање од 480 Hz. Xiaomi вели дека Redmi K60 Ultra доаѓа со независен графички чип X7, кој е развиен во соработка со Pixelworks и кој помага да се постигне основна стапка на слики од 144 fps во 30 игрици. Чипот X7 помага и во јасноста на приказот во игриците.

Xiaomi не спомна дали се работи за LCD или OLED панел, но со оглед на фактот дека смартфонот има сензор за отпечатоци интегриран во екранот, најверојатно станува збор за OLED. Екранот има покриеност во боја DCI-P3 и поддржува Dolby Vision и HDR10+ содржина.

Назад има три камери, главната Sony IMX800 од 54 MP со оптичка стабилизација на сликата и можност за снимање 8K HDR10+, ултра широк од 8 и макро од 2 MP. На предната страна има камера од 20 MP за селфи и видеоповици.

Уредот се напојува од батерија со капацитет од 5.000 mAh, која целосно се полни за 19 минути, а во пакетот е вклучен и полнач од 120 W. Xiaomi го користеше својот P1 чип за брзо полнење и чипот G1 за управување со батеријата за Redmi K60 Ultra.

Смартфонот поддржува 5G мрежа, Wi-Fi6, има мултифункционален NFC и USB-C приклучок и доаѓа со VC ладење од нерѓосувачки челик од 5.000 мм², стерео звучници, GPS и NavIC. Отпорен е на вода и прашина според стандардот IP68.

Клиентите можат да избираат помеѓу бела, црна и зелена боја и пет опции за меморија, имено 12/256 GB, 16/256 GB, 16/512 GB, 16 GB/1 TB и 24 GB/1 TB по цена од 325, 350 , 375, 415 и 450 евра.

Redmi K60 Ultra ќе се продава во Кина, додека информациите за достапноста на другите пазари сѐ уште се чекаат.

Тагови
реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Мобилни

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Read more

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more
 

Гик

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе