Реизбрани пет обвинители во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција

Скопје, 17 март 2022 (МИА) – Марија Ѓорѓиева, Валентина Бислимовска, Енѓелуше Кадриу Леши, Ивана Трајчева и Сузана Мирческа Кузмановска се реизбрани за обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на денешната седница на Советот за јавни обвинители.

Во обвинителството предводено од Вилма Рускоска, ќе се приклучат обвинителите кои и досега беа дел од ова обвинителство, меѓутоа мандатот им заврши во февруари.

На денешната седница, републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, истакна дека ќе ги поддржи досегашните обвинители од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, на кои им истече мандатот.

– Станува збор за професионални и самостојни обвинители кои со успех ги извршуваат доверените работи. Тие постапуваат по многу сложени предмети и нивно евентуално неизбирање ќе значи пролонгирање на тие предмети, рече тој, дополнувајќи дека инвестирано во нивната подготвеност за постапување по предмети од организиран криминал.

Други обвинители кои конкурираа, но не добија мнозинство гласови се Арсим Адеми, Елизабета Јосифовска, Наташа Сарамандова и Златко Биковски. На конкурсот беше пријавена и обвинителката Имран Османи, но таа добила негативна оцена од Вишото обвинителство поради што не ги исполнуваше условите.

Тагови
реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Македонија

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Read more

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Read more

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Read more

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе