Рендевски: Високиот процент на антитела кај граѓаните не значи дека е постигнат колективен имунитет

Податоците од анализата од ковид тестирањето односно скринингот што го спроведе Министерството за здравство покажуваат дека кај испитаниците кои не се вакцинирани степенот на присуство на антитела се движеше од 75 до 76 проценти, додека кај испитаниците кои се вакцинирани нивното присуство на антитела е 85-86 проценти, што укажува дека голем број од тие кои не се вакцинирани против COVID-19, или прележале или дошле во контакт со вирусот, меѓутоа тоа не значи дека е постигнат колективен имунитет, изјави за МИА заменик-министерот за здравство Владимир Рендевски.

Тој посочи дека за тоа дали сме дојдени до колективен имунитет одлучува Комисијата за заразни болести врз база на анализите. Сепак, појасни Рендевски, најрелевантен параметар се анализите на бројот на новозаболени, починати и хоспитализирани и врз основа на тоа се препорачуваат епидемиолошките мерки.

– Во поглед на актуелната епидемиолошка состојба и моменталните епидемиолошки мерки се во корелација со одредени варијабли кои се испитуваат во последните шест недели и се предмет на испитување во останатите европски земји. Тоа се бројот на новозаболени, починати и хоспитализирани, односно оптовареноста на здравствениот систем. Врз основа на овие варијабли постои посебен алгоритам кој го одредува епидемиолошкиот ризик односно епидемиолошката состојба во секоја земја. Врз основа на таа актуелна епидемиолошка состојба постојат предлог епидемиолошки мерки. Анализите во државава покажуваат дека во однос на овие три параметри моментално се наоѓаме во зелена фаза и според тоа се имплементираат соодветни епидемиолошки мерки кои се во корелација со зелената фаза. Анализите се следат на дневно и на неделно ниво и во зависност од одредено намалување или зголемување на овие параметри така би се планирале и идните епидемиолошки мерки, истакна Рендевски.

Тој потенцира дека вакцинацијата против COVID-19 е столб за подобрување на имунолошката состојба.

– Затоа вчера започна караванот за вакцинација против COVID-19 и во тој поглед мора да делуваме првенствено на повозрасните пациенти и пациентите со коморбидитети, а понатаму и на останатите пациенти кои се вакцинирани со две дози, а поминал подолг период од три месеци од последното вакцинирање. Практично да се даде и иницијатива за бустер доза кај овие пациенти, изјави за МИА заменик-министерот за здравство Рендевски.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе