Ријана соборува рекорди на Spotify без со години да објавува нова музика

Поминаа седум години откако Ријана го издаде својот последен албум „Anti“, но тоа не ја спречува да соборува рекорди.

Добитничката на Греми е првата жена изведувач чии 10 песни достигнаа 1 милијарда стримови на Spotify – и покрај тоа што нема издадено албум од 2016 година.

Со рекордот се пофали на социјалните мрежи.

Веста за своето достигнување ја сподели на Instagram со коментар „Bad Gal billi“, што е всушност игра на зборови – billion (анг. милијарда) и името на нејзиниот профил Bad Girl Riri ​(лошата девојка Рири).

„Без нов албум“, додаде Ријана, која според годинешната листа на Forbes е прогласена за најбогата самореализирана пејачка и најбогата жена под 40 години во САД.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by badgalriri (@badgalriri)

Ријана е добитничка на многубројни награди, а ова не е прв рекорд што го соборува. Таа има освоено девет Греми, 13 Американски музички награди и 12 музички награди Билборд.

Славната пејачка е сопственик на шест Гинисови светски рекорди. Пред 13 години стана единствената жена изведувач што имала четири сингла на прво место на американската топ-листа во една календарска година.

Ријана исто така е првата пејачка што имала синглови на врвот на британската топ-листа пет последователни години, од 2007 до 2011 година. За споредба, само Елвис Присли и „Битлси“ имаат повеќе.

Тагови
реклама

Музика

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Read more

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Read more

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Read more

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Read more
 

Сцена

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе