Ријана воодушеви со настапот на Супербоул и откри втора бременост

По спектакуларниот настап ноќеска на Супербоул, корисниците на социјалните мрежи не престануваат да пишуваат за изгледот на Ријана.

Светската музичка ѕвезда Ријана ноќеска воодушеви со својот настап за време на полувремето на 57. Супербоул, каде за помалку од 14 минути ги претстави некои од своите најголеми хитови и со тоа покажа дека сѐ уште е една од најпопуларните ѕвезди, иако долги години помина од објавувањето на нејзината последна песна.

„Каде беше“, „Ријана има толку многу одлични песни“, „Неверојатен настап“, „Целата листа на песни е совршена“, „Сјае како дијамант“, „Многу почит за настапот на Ријана вечерва“, беа само некои од коментарите.

Откако во септември беше објавено дека Ријана ќе настапи на Супербоул, корисниците на социјалните мрежи напишаа дека едвај го чекаат нејзиниот настап, бидејќи многумина очекуваа таа да ја сподели веста за тоа кога ќе почне да работи на нова музика и дали наскоро ќе направи турнеја.

URL

Сепак, пејачката изненади многумина со својот изглед, бидејќи пред почетокот на настапот откри дека повторно е бремена, откако во мај го роди своето прво дете.

Многу корисници на социјалните мрежи не ја видоа оваа вест, па откако го погледнаа нејзиниот настап, претпоставија дека е бремена и заклучија дека пејачката некое време нема да има нови песни и настапи.

Инаку, Супербоул финалето им припадна на Канзас Сити Чифс кои по голема драма и неверојатен пресврт ја совладаа Филаделфија Иглс со 38:35.

Тагови
реклама

Музика

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Read more

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Read more

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Read more

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Read more
 

Сцена

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе