Ристовска: Притворот за Мијалков е неопходен поради опасност од бегство

Обвинителката Ленче Ристовска вели дека во целина Обвинителството е задоволно од изречените осудителни пресуди во случајот „Таргет-Тврдина“, пред сѐ поради тоа што со тоа се потврдиле сите наводи на Обвинителството, но, оти од висината на казните за дел се, а за дел не се задоволни. Во врска со барањето за ефективен притвор за Сашо Мијалков, Ристовска истакна дека тоа било неопходно поради зголемената опасност од негово бегство.

– Меѓутоа, би сакале најнапред да го видиме образложението на судот во пресудата, па потоа да одлучиме и за жалбите. Во однос на притворот ние сметавме уште со колегите коишто работиме на предметот дека постојат основи за определување на притвор бидејќи постоеше опасност од бегство. Токму заради тоа и беше побаран првично притвор, а и денеска елабориравме дека постојат други докази што одат во прилог на зголемување на опасноста од бегство, како што се дозволата за престој на обвинетиот Мијалков во друга држава, имавме податоци за неговата имотната состојба, околноста дека мерката куќен притвор така како што е определена од судот не може да се спроведе што не е доволна гаранција за нас и сето тоа доведено во корелација со сите околности во случајот, како и фактот дека не беше достапен извесен период од моментот кога е определена мерката куќен притвор кај нас го реафирмираа ставот дека постојат околности за определување на притвор, рече обвинителката Ристовска во изјава за медиумите по изрекувањето на  пресудите за овој случај.

Во врска со должината на притворот на Мијалков таа истакна дека сите дела што му се ставале на товар и тоа што можело да биде исполнето како битие на кривичните дела согласно Кривичниот законик се води скратена постапка, односно обвинителен предлог каде што роковите за притвор се навистина кратки. Заради тоа, потенцира обвинителката Ристовска, по објава на пресудата максималната должина на притворот е до 60 дена. Според неа, треба да се размисли дали можеби кумулацијата на казните треба да се третираат како основ за определување на подолготраен притвор бидејќи, како што рече, се покажа дека кај нас и во предмет во скратена постапка може да бидат многу сериозни кривични дела.  

Таа, одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека Обвинителството во петокот кога беа завршните зборови, немало информации дека Мијалков би можел да се обиде да избега.

– Ако сме имале, ние бевме на судење уште во петокот ќе побаравме да биде определена мерка притвор, како што и беше соопштено, првите информации ги добивме во саботата вечерта. Веднаш штом направивме проверки реагиравме, рече Ристовска. Таа додаде дека се надева оти во наредниот период ќе се утврди каде бил Мијалков кога беше прогласен за недостапен за надлежните органи, бидејќи, како што рече, тоа и на обвинителството му е од големо значење.

Основниот кривичен суд Скопје во случајот „Таргет-Тврдина“ за масовното прислушување и уништување на опремата од УБК денеска изрече казна затвор од 55 години и 10 години условни казни, односно вкупно 65 години за 11 лица.

На поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков Судот му изрече казна затвор од 12 години за кривично дело „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе