Победата на Динамо на „Бенито Виљамарин“ во Севиља ја коментираше поранешниот македонски репрезентативен капитен, Стефан Ристовски, кој го одигра целиот натпревар.
„Голема победа. Мило ми е што победивме и што покажавме карактер кога беше најтешко. На половина пат сме, мора да играме паметно уште 90 минути. Одигравме добро, изгледавме солидно, ги прекинавме контранападите“.
„Тие се многу добро потковани. Имавме многу прилики, а на крајот погодивме од пенал. Динамо веќе неколку години игра во Европа. Кај нас овие работи многу малку се ценат и забораваат. Драго ми е што покажавме што значи Динамо во хрватскиот фудбал. Ќе продолжиме да молчиме и да работиме“.
Победничкиот гол беше дело на Бруно Петковиќ од белата точка во 75. минута
Реваншот е во Загреб, а Динамо и Бетис ќе го одиграат наредниот четврток. Севкупниот победник ќе се пласира во осминафиналето од Европа конференциската лига.