Ривалот на Владимир Путин собра доволно потписи и влезе во трката за претседател

Рускиот антивоен кандидат Борис Надеждин денеска соопшти дека поднел 150.000 потписи до Централната изборна комисија (ЦИК), колку што се потребни за да влезе во претседателската трка против актуелниот претседател Владимир Путин.

ЦИК сега ќе ја потврди автентичноста на потписите поднесени од Надеждин и другите потенцијални кандидати за претседателска кандидатура и следниот месец ќе соопшти кој ќе му се придружи на Путин на гласачкото ливче.

Победата на Путин се смета за неизбежна, но Надеждин изненади некои набљудувачи со неговите остри критики за „специјалната воена операција“ во Украина.

Надеждин на почетокот на месецот рече дека земјата може да си дозволи да троши повеќе пари за своите граѓани доколку не инвестира толку многу во војската.

Како кандидат номиниран од политичка партија, тој требаше да собере 100.000 потписи во најмалку 40 региони за да може да учествува на изборите од 15 до 17 март.

Путин избра да биде независен кандидат и за тоа требаше да собере 300.000 потписи. Досега има собрано над 3,5 милиони.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Свет

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Read more

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Read more

Путин на рускиот премиер му додели уште еден мандат

Read more

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Read more
 

Вести

Скопјанец физички нападнал жена, па бил агресивен кон полицајците

Читај повеќе

11 претстави обединети под концептот „Ново читање“ на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“

Читај повеќе

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Читај повеќе

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Читај повеќе

Српската полиција критикувана за случајот Данка: Ова е сериозен скандал

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Читај повеќе

Путин на рускиот премиер му додели уште еден мандат

Читај повеќе

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Читај повеќе

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Читај повеќе