Родителите на основците во Кочани преку анкета се изјаснуваат за начинот на следење настава

Кочани, 3 септември 2020 (МИА) – Во основните училишта во Кочани почна пополнувањето анкетен прашалник за родителите на учениците, преку кој тие се изјаснуваат дали се за физичко или за онлајн следење на наставниот процес.

Пополнувањето на прашалникот е во рамки на препораките од Министерството за образование и наука, кое донесе посебен протокол за изведување на наставата во воспитно-образовните институции, кој училиштата треба да го следат.

-По добивањето на укажувањето од ресорното министерство за спроведување анкета со родителите за тоа дали се за онлајн-настава или за настава со физичко присуство на учениците, ние веднаш почнавме со анкетирањето. Родителите доаѓаат во училиштето, а наставниците им објаснуваат каква е ситуацијата, нудејќи ги двете опции. Забележително е дека најголем дел од родителите се изјаснуваат за физичко присуство на своите деца, односно наставата да ја следат во училишните простории, истакна Благој Давитков, директор на ОУ„Раде Кратовче“ во Кочани.

Од петте основни училишта во Кочани информираа дека се подготвени за почетокот на учебната година, односно во тек се техничко-хигиенските активности, а набавени се доволни количини средства за хигиена и дезинфекција.

реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Read more

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Read more

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Read more

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Рускоска

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Читај повеќе

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Читај повеќе

Српската полиција критикувана за случајот Данка: Ова е сериозен скандал

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Читај повеќе

Путин на рускиот премиер му додели уште еден мандат

Читај повеќе

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Читај повеќе

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Читај повеќе

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Рускоска

Читај повеќе

Мицкоски на средба со коалицијата: Доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Читај повеќе