Родова (не)еднаквост: Само 47% од жените во светот имаат платена работа

Помалку од половина од жените се на пазарот на трудот на глобално ниво, што покажува дека родовата разлика се поместила многу малку во последните 25 години, соопштија Обединетите нации.

Според извештајот на ООН „World's Women 2020“, 47 проценти од работоспособните жени имаат работа, наспроти 74 проценти од мажите.

Процентот на жени на пазарот на трудот е уште помал во Јужна и Западна Азија и Северна Африка, каде што работат помалку од 30 проценти од жените.

Пандемијата на коронавирусот веројатно дополнително ќе ја влоши статистиката.

Економскиот потенцијал на жените е дополнително ограничен со неплатената домашна работа, на која тие трошат трипати повеќе часа на ден од мажите.

Жените заземаат 28 проценти од менаџерските позиции и 18 проценти од директорските позиции на глобално ниво, се вели во извештајот.

„Напредокот кон еднаква распределба на моќта и еднаквоста на жените останува недостижен“, рече генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш.

„Ниту една земја не постигна родова еднаквост, а КОВИД кризата се заканува да го уништи и оној ограничен напредок што беше постигнат“, додаде тој.

Извештајот се објавува на секои пет години од 1995 година наваму, со цел да се добие увид во напредокот во областа на родовата еднаквост.

реклама

Свет

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more

Снимка од руски војник стана вирална: Добредојдовте во пеколот

Read more
 

Вести

Променливо облачно и топло, попладне краткотраен пороен дожд

Читај повеќе

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Читај повеќе
  • filter

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Читај повеќе

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Читај повеќе