Рогозин: Ако дојде до нуклеарна војна, ќе го уништиме НАТО за половина час

Б.С.Б.
/ 09.05.2022 / 08:38

Шефот на руската вселенска агенција Роскосмос, Дмитриј Рогозин, тврди дека Русија може да ги уништи земјите-членки на НАТО за половина час, ако дојде до нуклеарна војна.

Рогозин, кој во последните неколку месеци даде многу необични и провокативни коментари, сподели порака на руски јазик на Telegram.

Рогозин тврди дека уништувањето би можело да се случи за половина час, „но тоа не смее да се дозволи бидејќи последиците од размена на нуклеарни удари ќе влијаат на состојбата на нашата Земја“.

Рогозин на Telegram напиша дека НАТО води војна против нив и иако јавно тоа не е објавено, на сите им е очигледно.

Неговите коментари не се во склад со ставот на НАТО кој во април објави соопштените во кое наведе дека „најостро се осудува инвазијата на Русија во Украина – која е независна, мирна и демократска земја, близок партнер на НАТО. Сојузот го повикува претседателот Путин веднаш да ја запре војната, да ги повлече своите сили од Украина без услови и веднаш да се вклучи во вистинска дипломатија“, стои во соопштението на НАТО.

Рогозин претходно изјави дека Роскосмос ќе ја напушти Меѓународната вселенска станица и дека таа одлука веќе е потврдена. Исто така ги критикуваше економските санкции од Западот, воведени кон Русија.

Тој во пораката додаде дека војната која Путин ја нарече „специјална воена операција“ е отидена далеку над првичното значење и географија и ја нарече „војна за вистината и правото на Русија да постои како единствена и независна држава“.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Read more

Свет

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Read more

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе