Португалскиот великан синоќа беше промовиран во новиот клуб Ал Наср, а за време на пречекот во Саудиска Арабија воодушеви многумина со својот потег на стадионот.
Кристијано Роналдо (37) во еден момент од презентацијата на стадионот имаше можност да израдува некого на трибините подарувајќи му потпишана топка.
Португалецот прво направи потег како да ќе ја рогне топката далеку на трибинините, но тогаш здогледа девојче кое од срце навива за него и веднаш реши топката да ѝ припадне на младата навивачка. Дојде сѐ до трибините на стадионот и на девојчето му подари подарок кој веројатно ќе го памети цел живот.
Инаку, навивачите синоќа го исполнија стадионот на промоцијата на Роналдо, а Португалецот порача дека неговата работа во Европа е завршена и дека е време за нови предизвици.
Имаше и гаф и на прес-конференцијата, кога ја помеша Саудиска Арабија со Јужна Африка бидејќи на англиски Saudi Arabia и South Africa делуваат слично, но ретко кој му замери за тоа.
Во новиот клуб очигледно ќе го третираат како шеик, што не е чудно бидејќи ќе заработува 200 милиони долари годишно.