ПРЕМИЕР ЛИГА 2022/2023

Роналдо понижи легенда на Ливерпул во живо на ТВ

Синоќа на „Олд Трафорд“ Манчестер Јунајтед го победи Ливерпул со 2:1 во најголемото англиско дерби, а пред натпреварот сите на малите екрани можеа да видат колкава нетрпеливост постои меѓу овие клубови.

За време на загревањето пред натпреварот, Кристијано Роналдо дојде да се поздрави со екипата кој го правеше директниот ТВ пренос за Sky Sport.

„Главната фаца е тука вечерва“, изјави водителот на Sky Sport, Дејв Џонс, додека се приближуваше Роналдо.

На теренот Џонс беше придружуван од легендите на Манчестер Јунајтед, Рој Кин и Гари Невил, како и легендата на Ливерпул, Џејми Карагер.

Роналдо му пријде на Невил и срдечно го поздрави, а потоа и Карагер се обиде да се поздрави со напаѓачот на Јунајтед, но Португалецот го игнорираше и помина покрај него, пружајќи му ја раката на Кин.

Remote video URL

Откако Роналдо се врати на загревањето, Џонс се пошегува со Карагер и рече дека „има интересен муабет“ со Кристијано, а легендарниот дефанзивец на „Црвените“ малку тажно рече: „Целосно ме игнорираше“.

За овој потег на Роналдо денеска повеќе се зборува отколку за неговата игра на теренот. Ништо чудно, бидејќи Португалецот влезе во игра дури во 86. минута и само седум пати ја допре топката, па многу корисници на Twitter го опишаа потегот за понижување на Карагер како „неговото најдоброто од натпреварот“.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе