Чекор поблиску до колонизација на Црвената планета

Роверот на НАСА создаде 122 гр хемиски елемент клучен за живот на Марс

Perseverance за повеќе од две години - колу што мина на Марс - изврши бројни задачи, а научниците сега откриваат дека со помош на уреди за експерименти и искористување на ресурсите успеал да создаде кислород.

Роверот опремен со уред наречен MOXIE успеал да создаде кислород користејќи јаглерод диоксид за време на престојот на Црвената планета во различни периоди во временски интервал од две години. Иако тоа можеби не изгледа многу во однос на количината, 122 гр кислород е еквивалентно на количината би била доволна за суштество со големина на куче да издржи околу 10 часа на оваа негостољубива планета.

Ова достигнување им дава надеж на научниците, бидејќи на Марс јаглерод диоксидот сочинува 95% од атмосферата. Со негово извлекување и преработка во атоми на кислород во капсулата MOXIE, сè изгледа како да пристигнала иднината. Покрај тоа што може да се користи во производството на кислород за членовите на идните мисии и потенцијалните колонии, уредот може да се користи и за производство на ракетно гориво.

URL

„Горди сме што создадовме револуционерна технологија како MOXIE која може да ги трансформира локалните ресурси во оние што ќе бидат корисни за време на идните истражувачки мисии“, рече Труди Кортес, директор на Дирекцијата за мисијата на вселенската технологија (СТМД) во седиштето на НАСА во Вашингтон. „Со демонстрирање на оваа технологија во реални услови, ние сме чекор поблиску до иднината каде што астронаутите 'живеат надвор од земјата' на Црвената планета“.

Сепак, тоа не значи дека мисиите ќе бидат можни веднаш, бидејќи мора да се исполнат многу други услови за навистина остварливи колонии на Месечината или Марс. Еден од нив е надминување на проблемот со екстремниот студ на Црвената планета, или на пример, појава на рак поради бомбардирање со штетни зраци од вселената.

Тагови
реклама

Како да спречите оштетување на бојата на автомобилот од птичји измет?

Read more

Како би изгледала табелата во Премиер лигата да немаше ВАР?

Read more

Колку ќе ослабете ако се откажете од јадење леб?

Read more

Неделен хороскоп од 11 до 17 мај: Што му носи на вашиот знак?

Read more

Вести

Неандерталците користеле заби од носорог како чекани за да изработуваат камени алатки

Read more

Бришете ги веднаш: Android апликации кои „вријат“ од вируси

Read more

Тинејџерка измислила филтер кој отстранува 96% од микропластиката од водата за пиење

Read more

Дали Google тајно ви има инсталирано фајл од 4GB на вашиот компјутер?

Read more
 

Гик

Неандерталците користеле заби од носорог како чекани за да изработуваат камени алатки

Читај повеќе

Бришете ги веднаш: Android апликации кои „вријат“ од вируси

Читај повеќе

Тинејџерка измислила филтер кој отстранува 96% од микропластиката од водата за пиење

Читај повеќе

Дали Google тајно ви има инсталирано фајл од 4GB на вашиот компјутер?

Читај повеќе

Кинезите направија роботски мајстор кој ќе користи алати на Месечината

Читај повеќе

Apple се свртува кон Samsung?

Читај повеќе

Војна на ѕвездите 2026: Што значат руските сателити над нашите глави?

Читај повеќе

Вештачката интелигенција почна да го копира својот код без човечка дозвола

Читај повеќе

Енергетската криза ја зголеми продажбата на топлински пумпи: Зошто се добри и каде можат да се користат?

Читај повеќе