Русија го одби вчерашниот колективен одговор на НАТО и ЕУ за безбедносните принципи

Русија не може да го прифати колективниот одговор на членките на НАТО за почитување на безбедносните принципи и чека детална реакција од секоја земја до која е испратено писмото, наведе руското Министерство за надворешни работи со соопштение на својата веб-страница.

„На 10 февруари, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и европскиот министер за надворешни работи Жузеп Борељ ни го испратија она што го презентираа како одговор на писмото на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на 28 јануари, за спроведување на принципот на еднаква и неделива безбедност од страна на западните земји. Во пристигнатите документи нема конкретна реакција на директно поставеното прашање. Наместо тоа, ни се предлага да влеземе во дијалог за зајакнување на безбедноста“, се наведува во соопштението на портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.

Таа во реакцијата потсетува дека писмото од шефот на руската дипломатија е испратено до министрите за надворешни работи на 37 земји во Европа и Северна Америка. Во него посебно беше нагласено дека Москва очекува детален одговор од секоја држава.

„Затоа, не можеме да прифатиме колективен одговор, што потсетува на колективната одговорност. Очекуваме детална реакција на прашањето што го поставивме од секој примател“, се наведува во соопштението.

Захарова посочува дека руската страна не им се обратила лично на Столтенберг и Борељ.

„Под документите на ОБСЕ и Русија-НАТО, што го утврдуваат принципот на неделивост на безбедноста, се наоѓаат потписите на шефовите на држави и влади на соодветните земји. Во ОБСЕ, државите учествуваат секоја за себе и на тој начин се обврзаа да не ја зајакнуваат својата безбедност на сметка на безбедноста на другите“, додава таа во реакцијата.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе