Русија го прогласи Навални за терорист и екстремист

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој е во затвор една година, е вклучен на листата на терористи и екстремисти на руската служба за финансиски мониторинг Росфинмониторинг, која е задолжена за борба против перење пари и финансирање тероризам.

На списокот се најде и една од неговите соработнички, Љубов Собол, која побегна во егзил пред да биде кривично гонета.

На списокот се и соработниците на Навални

Според Антикорупцискиот фонд, организацијата на Навални беше забранета во јуни и на списокот беа додадени уште најмалку девет лица поврзани со неговото движење. Во средината на јануари, на списокот беа додадени двајца од главните соработници на Навални, Иван Жданов и Леонид Волков, кои живеат во егзил.

Списокот вклучува илјадници луѓе и стотици исламистички, религиозни и ултранационалистички организации забранети во Русија, како што се талибанците и Исламската држава.

Навални беше уапсен на 17 јануари минатата година во Москва, откако се врати од лекување во Германија по тешкото труење во август, за кое го обвинува рускиот претседател Владимир Путин. За измама е осуден на две и пол години затвор.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе