Русија испраќа спасувачки тимови во Сирија и Турција по земјотресот

Руски спасувачи ќе полетаат за Сирија и Турција по катастрофалниот земјотрес во кој досега е регистрирано дека загинаа околу 2.300 луѓе, а илјадници се повредени, соопшти денеска Кремљ, пренесе HINA.

Претседателот Владимир Путин во текот на денот телефонски разговараше со сирискиот претседател Башар ал-Асад и турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган и изрази сочувство за смртта и уништувањата од земјотресот, чија јачина на ударот беше 7,8 степени според Рихтеровата скала, и е најлошиот земјотрес што ја погодил Турција во овој век.

Притоа рускиот претседател понуди да испрати спасувачки тимови и во Турција и во Сирија.

„Башар ал-Асад со благодарност ја прифаќа понудата и во следните неколку часа спасувачите од руското Министерство за вонредни ситуации ќе летаат за Сирија“, соопшти Кремљ, пренесе хрватската агенција.

„Турскиот претседател срдечно му се заблагодари на Владимир Путин за неговата брза и искрена реакција и рече дека дава инструкции до надлежните органи во земјата да ја прифатат помошта од руските спасувачи“, се додава во соопштението.

Русија соопшти дека во готовност за полетување во двете земји има спасувачки авиони Ильюшин-76.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу им нареди на руските сили во Сирија да помогнат во спасувачките напори. Министерството за одбрана соопшти дека 300 руски војници и 60 возила веќе помагаат во расчистувањето на урнатините во погодените подрачја во близина на турската граница.  

Русија има поморска база во Тартус, на сирискиот брег, и управува со воздухопловната база „Хамејм“, северно од Тартус.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе