Русија ќе отвори избирачки места во САД

За своите претседателски избори во март, Русија ќе отвори избирачки места во САД во три свои дипломатски или конзуларни претставништва, соопшти денеска рускиот амбасадор во Вашингтон.

Тоа беше објавено во време кога односите меѓу двете земји се на најниско ниво од Студената војна поради конфликтот во Украина.

Русија, која е цел на низа западни санкции поради нападот врз Украина во 2022 година, сè уште не одлучила дали ќе се отворат избирачките места во европските земји кои ги смета за „непријателски“.

Изборите се закажани за 17 март. Претседателот Владимир Путин, кој владее со Русија од 2000 година, покажа дека има намера да се кандидира за петти мандат.

Доколку победи, би останал во Кремљ најмалку до 2030 година, кога ќе има 78 години. Неговиот реизбор е без сомнеж во земја каде што сета вистинска опозиција е уништена.

„Во САД планираме да отвориме три избирачки места: во нашата амбасада во Вашингтон, како и во нашите конзулати во Њујорк и Хјустон“, изјави рускиот амбасадор Анатолиј Антонов, соопштија од амбасадата.

Соединетите Американски Држави ја снабдуваа Украина со оружје против руските сили, а западните земји воведоа тешки економски санкции кон Москва.

Русија минатата недела посочи дека сè уште не одлучила за отворање на избирачки места во Европа.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека одлуката ќе биде донесена пред крајот на јануари.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Свет

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more
 

Вести

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе