Русија: Коронавирусот е создаден во лабораторија, Американците работеа на тој проект

Руското Министерство за одбрана се огласи во врска со потеклото и ширењето на коронавирусот SARS-SoV-2. Тие тврдат дека ширењето на пандемијата COVID-19 укажува дека вирусот е создаден од човечки фактор.

Руското Министерство за одбрана објави дека Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) можеби била вклучена во создавањето на патогенот COVID-19 и оркестрирањето на пандемијата, со оглед на истражувањето на агенцијата и природата на ширењето на болеста.

Истрагата на Светската здравствена организација за потеклото на болеста поради која земјите ширум светот беа затворени, даде неубедливи резултати.

САД, пак, се обидоа да ја префрлат одговорноста за пандемијата на Кина, но подоцна признаа дека немаат конкретни докази за поддршка на тоа тврдење.

Министерството посочи дека УСАИД ја финансираше програмата PREDICT фокусирана на проучување на нови коронавируси, вклучително и лилјаци, но ја затвори непосредно пред почетокот на пандемијата.

„Имплементацијата на сценариото за развој на COVID-19 и итното прекинување на програмата PREDICT од страна на УСАИД во 2019 година укажуваат на намерната природа на пандемијата и учеството на САД во нејзиното избивање“, рече Кирилов.

Министерството потсети и на вежбите Event -201 што беа спроведени на Универзитетот Џон Хопкинс во САД во 2019 година. Вежбите беа посветени на текот на дејствувањето во случај на хипотетичка пандемија на претходно непознат коронавирус.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе