Русија: Косово си игра со оган

Официјална Москва вели дека меѓународното право ја поддржува позицијата на Србија во случајот со отцепената покраина.

„Москва е алармирана од растечките тензии на Косово, за кои се виновни „радикалните“ етнички албански власти во отцепената српска покраина и нивните западни спонзори“, изјави синоќа Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи.

„Властите во Приштина презедоа серија провокации со одобрение на САД и ЕУ, користејќи етнички поттикнато насилство за да ги таргетираат преостанатите Срби во покраината“, додаде таа.

Премиерот Албин Курти се обидува да го оттргне вниманието од неупешната домашна политика со тоа што „си игра со оган, спинувајќи србофонска хистерија“ и ескалирајќи ги тензиите „доближувајќи се до вооружен конфликт“, рече Захарова. Само трпението на локалните срби и властите во Белград превенираат работите да се втурнат во отворено насилство, додаде.

„Се солидаризираме со властите на Србија“, рече Захарова, поддржувајќи ја позицијата на Белгртад дека косовските Албанци и Западот „цинички ги игнорираат фундаменталните договори од Брисел и Вашингтон и Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН“.

Резолуцијата на ОН овозможи присуство на НАТО во провинцијата по бомбардирањето во 1999 година на тогашна Југославија, додека договорот од Брисел од 2013 година предвидува автономија за преостанатите етнички Срби.

Резолуцијата 1244 на ОН јасно ѝ дозволува на Србија да испрати свои сили во провинцијата, и „дури ни апологетите на 'владеењето базирано на правила' не можат да го негираат ова“, додаде Захарова. Таа особено ја напомена неодамнешната изјава на германската министерка за надворешни работи, Аналена Баербок, каде вели дека такво распоредување на воена сила е „апсолутно неприфатливо“, што Србија го оцени како „апсурдно“.

„Наместо да ги притиснат етничките Албанци да се придржуваат до потпишаните договори, САД и ЕУ бесрамно го саботираат Бриселскиот договор, истовремено преферирајќи злобна практика на булинг со обвинување на косовските Срби“, додаде таа.

„Ќе продолжиме да му помагаме на Белград да ги брани легитимните национални интересик во врска со Косови базирани на Резоилуцијата 1244 на ОН, која останува во сила без исклучоци“, категорично изјави Захарова.

Минатиот месец, Брисел и Вашингтопн не успеаја да ја убедат Приштина да го напушти својот план за прогласување на српските регистерски таблички за нелегални. Наводниот мир траеше нецели две недели, па етничката албанска полиција ги распореди своите сили во населените места со српско мнозинство, вознемирувајќи дури и градинка и фамилијарна винарија.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Свет

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Read more

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more
 

Вести

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе