Русија со предупредување: Може да се разгори на Корејскиот Полуостров

Макфакс
/ 23.11.2023 / 08:59

Одлуката на Сеул да го прекине воениот договор со Пјонгјанг може да доведе до конфликт од големи размери, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Одлуката на Јужна Кореја беше донесена како одговор на севернокорејското лансирање на воен сателит.

„Како што знаете, на 21 ноември Северна Кореја изврши претходно најавено лансирање на сателит. Сето ова, гледаме, предизвика голема загриженост во Сеул, Токио и Вашингтон. Како таканаречена одмаздничка мерка, владата на Република Кореја одлучи делумно да го суспендира меѓукорејскиот воен договор од 2018 година. Тој игра важна улога во одржувањето на стабилноста и спречувањето вооружени инциденти во зоната на демаркационата линија, а сето тоа, се разбира, може да доведе до ескалација на конфликти од големи размери“, рече Захарова.

Таа истакна дека „ваквите чекори на јужнокорејската страна предизвикуваат жалење.

„Ескалацијата на тензиите околу полуостровот е директна последица на агресивните воени активности на САД и нивните сојузници, кои речиси без престан спроведуваат воени вежби и го пумпаат овој подрегион со оружје. Што се однесува до Русија, нашата земја се залага за мирно решавање на целиот спектар на проблеми на Корејскиот Полуостров исклучиво преку политички и дипломатски средства, без надворешен притисок и без уцени“, нагласи таа.

Претходно, Пјонгјанг објави дека успешно лансирал ракета-носач со извидувачки сателит. Пјонгјанг најави дека планираат „наскоро“ да лансираат уште неколку слични сателити.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе