Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Во средата вечерта Русија стави вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се повикуваат земјите да спречат трка во вооружување во вселената.

За предлогот на Соединетите Американски Држави и Јапонија гласаа 13 членки, а против беше само Русија; Кина се воздржа од гласање.

Гласањето дојде откако Вашингтон ја обвини Москва дека развива нуклеарно оружје базирано на вселената, дизајнирано да уништува непријателски сателити, што Русија го негираше. Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва се противи на поставување нуклеарно оружје во вселената.

„Денешното вето го поставува прашањето: Зошто? Зошто, ако ги почитувате правилата, не поддржувате резолуција што ги потврдува? Што би можеле да криете?“, одговори американската амбасадорка во ОН Линда Томас-Гринфилд по гласањето.

Рускиот амбасадор во Обединетите нации, Василиј Небензја, го обвини Вашингтон дека се обидува да ја оцрни Москва и рече дека Русија наскоро ќе започне преговори со членовите на Советот за сопствената нацрт-резолуција чија цел е зачувување на мирот во вселената.

„Сакаме забрана за ставање какво било оружје во вселената, не само (оружје за масовно уништување). Но, вие не го сакате тоа... Да ве прашам исто: Зошто?“, ѝ одговори Небензја на Томас-Гринфилд.

Текстот на резолуцијата на која е ставено ветото повикува на реафирмирање на обврската за почитување на Договорот за вселената од 1967 година и ги повикува државите „да придонесуваат активно за мирно користење на вселената и за спречување на трка во вооружување во вселената“.

Договорот за вселената им забранува на потписниците - вклучувајќи ги Русија и САД - да ставаат „во орбитата на Земјата какви било објекти што носат нуклеарно оружје или друго оружје за масовно уништување“.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе