Русија воведе доживотен затвор за велепредавство

Макфакс
/ 18.04.2023 / 20:04

Руските пратеници изгласаа серија измени на Кривичниот законик, со кои се зголемуваат казните наменети за противниците на власта, а еден од нив воведува доживотен затвор за „велепредавство“.

Државната дума, долниот дом на рускиот парламент, гласаше за казнување на оние што „помагаат во спроведувањето на одлуките на меѓународните организации“ кои Русија не ги признава.

Оние што ќе ја прекршат одредбата, која се чини дека е насочена кон Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг, кој издаде налог за апсење на Владимир Путин во март, или оние што им помагаат на „странските владини организации“, ќе се соочат со затворска казна до 5 години.

Максималната казна за „велепредавство“ е зголемена од 20 години на доживотен затвор.

Во понеделникот рускиот суд го осуди опозицискиот активист Владимир Кара-Мурза на 25 години затвор за „велепредавство“. Кара-Мурза (41) беше обвинет за велепредавство, ширење „лажни“ информации за руската армија и поврзаност со „непожелна организација“.

Усвоените амандмани, исто така, ги зголемуваат казните за злосторствата поврзани со тероризмот, за кои понекогаш се вели дека имаат за цел да ја потиснат опозицијата.

Терористичкиот напад сега се казнува со затвор до 20 години, за соучесништво до 12 години и за поддршка на терористички активности до 5 години.

Казната за создавање терористичка организација е до 15 години затвор, а за саботажа до 20 години.

Од почетокот на офанзивата против Украина пред повеќе од една година, руските власти преземаат мерки против критичките гласови дома, пренесуваат регионалните медиуми.

Според написите, речиси сите главни противници на Кремљ се зад решетки или во егзил во странство.

Најпознат е Алексеј Навални, кој отслужува деветгодишна затворска казна наводно за измама, но случајот се смета за политички.

Опозиционерот Илја Јашин во декември беше осуден на 8 и пол години затвор поради критикување на офанзивата против Украина.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе