Русин во гаражата си прави армија роботи
Луѓето имаат различни хобија, од собирање поштенски марки, до правење на мини железници. Но, хобито на еден Русин е, верувале или не, изградба на роботи.
Сергеј Кулагин живее во малиот град Дивногорск во азискиот дел на Русија, во Краснојарскиот Крај, северно од границата со Монголија. Тој е механичар и заварувач, па својата професија ја искористил во неговото хоби.
Робите ги изработува од отпаден метал, а ги прави во неговата гаража. Изработува разни големини: од мали па до поголеми од човек.