Руската инвазија провоцира активирање на Defcon 2, состојба на чекор до нуклеарна војна

Откако Владимир Путин ѝ нареди на руската армија да ги стави своите сили во висока готовност за нуклеарно одвраќање, се појавија шпекулации дека Пентагон прогласил Defcon 2 во неделата, што значи чекор од нуклеарна војна.

Сепак, ваквата информација не е официјално потврдена бидејќи од безбедносни причини американските власти никогаш јавно не го кажуваат степенот на опасност за земјата. Defcon 2 досега беше прогласен само двапати, за време на кубанската ракетна криза и Заливската војна. Вчера наутро тој степен на опасност беше спуштен, па сега е Defcon 3, што значи зголемување на воената готовност над нормалата.

А Defcon 3 досега е најавен само неколку пати. Defcon (Defense Ready Condition) е систем што го користи Пентагон за да го означи нивото на закана од нуклеарна војна со која се соочуваат Соединетите Американски Држави, а тоа потоа ја одредува подготвеноста за потенцијален одговор.

Има пет нивоа, од Defcon 1 до 5. Defcon 5 е најниската состојба на подготвеност, а Defcon 1 е максимална подготвеност, што значи дека нуклеарната војна започнува или веќе започнала. Defcon1 никогаш претходно не бил деклариран, но Defcon 2 е активиран двапати. Defcon2 првпат беше прогласен на 24 октомври 1962 година, а ова ниво на опасност траеше до 15 ноември 1962 година, за што беше напишана книгата „DEFCON-2: Standing on the Brink of Nuclear War During the Cuban Missile Crisis“ во 2006 година.

Defcon 2 беше прогласен по втор пат на 15 јануари 1991 година, на почетокот на Заливската војна, односно операцијата Пустинска бура, кога меѓународната коалиција предводена од САД го нападна Ирак. Defcon 3 првпат беше прогласен за време на војната во Јом Кипур или Октомвриската војна, во која коалицијата на арапски држави, предводена од Египет и Сирија, учествуваше против Израел од 6-25 октомври 1973 година.

Исто така, Defcon 3 беше прогласен за време на терористичкиот напад на САД на 11 септември 2001 година, а тоа ниво на готовност беше задржано до 14 септември 2001 година.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе