Руската спасувачка мисија се закотви на Меѓународната вселенска станица

Рускиот вселенски брод Soyuz се закотви на Меѓународната вселенска станица синоќа со цел да врати двајца руски космонаути и еден американски астронаут на Земјата во септември, бидејќи бродот со кој дојдоа е во дефект.

Спасувачкиот брод MS-23 полета од Казахстан во петокот наутро без екипаж и се приклучи на вселенската станица два дена подоцна, објави НАСА во директен пренос.

Американецот Френк Рубио и Русите Сергеј Прокопјев и Дмитриј Петелжин полетаа на крајот на септември 2022 година во Soyuz MS-22. Но, во декември, на бродот беше откриена пукнатина низ која течела течност за ладење додека бил приклучен на МВС, за која Москва тврди дека била предизвикана од удар на микрометеороид.

Руската вселенска агенција затоа одлучи дека ќе се користи само во случај на екстремна вонредна состојба и испрати брод за замена MS-23.

Мисијата на тричлениот екипаж е продолжена до септември, а тие ќе се вратат со овој заменски брод по околу една година минати во вселената.

Оштетениот MS-22 треба да се одвои од МВС и да се врати празен на Земјата, најрано на крајот на следниот месец.

Покрај тројцата членови на екипажот кои пристигнаа со Soyuz, МВС моментално има уште четворица патници кои пристигнаа на SpaceX и членови на мисијата Crew-5. Ним следната недела треба да им се придружи Crew-6, кој го сочинуваат двајца Американци, еден астронаут од ОАЕ и еден Русин, а нивното поаѓање е закажано за понеделник вечер од Флорида, САД.

Неколку дена по пристигнувањето на новата мисија, Crew-5 ќе се врати на Земјата.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе