Руски дипломат: Во Северна Кореја е тешко, но нема глад

МИА/КАЈГАНА
/ 15.04.2021 / 13:09

Рускиот амбасадор во Северна Кореја, Александар Мацегора, изјави денеска дека животот во таа земја е моментно тежок, но нема глад и наскоро може да се очекува продолжување на некои прекугранични испораки.

Фото: Associated Press

Мацегора, еден од ретките дипломати во Пјонгјанг, го истакна тоа коментирајќи ја изјавата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун дека земјата се соочува со најлошата ситуација досега.

Според рускиот амбасадор, моментната ситуација не може да се спореди со „најтежок период“ за каков зборува Ким, потврдувајќи дека во земјата нема глад.

URL

Мацегора, исто така, додаде дека увезената стока практично исчезнала од полиците на продавниците, но повеќето домашни производи сè уште се достапни, а цените се зголемиле само умерено.

Тој изјави дека Северна Кореја во моментов гради големи комплекси за дезинфекција кои ќе бидат готови до крајот на овој месец, по што протокот на стока треба да продолжи, додека нормализирањето на прекуграничниот патнички сообраќај, според него, се очекува откако пандемијата на коронавирус ќе се реши на глобално ниво.

URL
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе