Руски експерти направија лек за COVID-19

Руското Министерство за здравство одобри уште еден руски лек против коронавирусот, на основа на фавипиравир. Станува збор за лекот арепливир.

Клиничките испитувања покажаа дека неговата ефикасност е 90%, односно девет од десет луѓе со благовремено лекување нема да починат. Во истражувањето учествувале 210 пациенти со потврдена инфекција на вирусот во умерен степен, спроведено е во медицински установи во Москва, Санкт Петербург, Смоленск и други места. Кај 70% од пациентите кои го земале лекот дошло до подобрување уште во првите денови на болеста, а по четири дена вирусот исчезнал од организмот. На десеттиот ден RLP-тестот кај 100% од испитаниците бил негативен. Во контролната група која примала стандарден третман, 70% од луѓето закрепнале тоа време.

„Арепливир даде многу добри резултати. Буквално на третиот ден на луѓето им опадна температурата, симптомите на општа интоксикација брзо се повлекоа и нивното здравје се подобри. На десеттиот ден обемот на оштетување на белите дробови беше намален за 25-35 проценти“, истакна Лариса Баликова, директорка на Медицинскиот институт на универзитетот Огарјов, еден од центрите каде е спроведено истражувањето.

Немало несакани ефекти од лекот, освен тоа што препаратот не смеат да го користат трудници. Колку порано се почне со терапијата, поголема ефикасноста и понизок е ризикот од компликации.

„За месец и половина пронајдовме лек за новата болест. Претходно не беше возможно да поверуваме во тоа“, вели Дмитриј Пушкар водач на клиничките испитувања на Руската академија на науки.

Клиничките истражувања за лекот се завршени, резултатите се обработуваат и подготвуваат за пренос на Министерството за здравство. Ако Министерството веднаш ги прегледа и преквалификува за привремена потврда во трајна, лекот би можел да се појави во болниците на почетокот на јули, а до есен да биде обезбеден лек кој спасува животи.

Петар Бели од управниот одбор на Promomeda вели дека без разлика на вториот бран на болеста кој се предвидува наесен, Русија има заштита.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

Здравје

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more
 

Магазин

Три начини да се опоравите од животот со токсични родители

Читај повеќе

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Читај повеќе

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Читај повеќе

Ѕвездите предвидуваат дека 2024 ќе биде година со многу разводи

Читај повеќе
  • play_arrow

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Терапевт истакна особина што ги открива токсичните татковци

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ролат со спанаќ и лосос

Читај повеќе

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Читај повеќе

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Читај повеќе