Руски пилот доби 6 години затвор поради слетување авион со смртни последици

Денис Јевдокимов е прогласен за виновен за прекршување на правилата за безбедност при летање додека летал со Сухой Суперджет 100, што резултираше со 41 загинат.

Судот во Московскиот регион осуди руски пилот на 6 години затвор поради неговата улога во смртоносниот пожар во авионот што лошо слета пред четири години.

Денеска, Градскиот суд на Химки го прогласи Денис Јевдокимов за виновен за прекршување на правилата за безбедност при лет кога леташе со патничкиот ваиуон Сухой Суперджет 100 од аеродромот „Шереметјево“ до северниот град Мурманск во мај 2019 година.

Додека бил во воздух, авионот бил погоден од гром и морал да се врати во Москва. Авионот, во кој имало 78 луѓе, потоа слетал на аеродромот и се запалил, при што загинале 40 патници и еден член на екипажот, а други 22 лица биле повредени.

Освен изрекувањето долга казна, судот, исто така, пресуди дека Јевдокимов треба да плати 2,5 милиони рубљи (30.000 долари) на две жртви на несреќата, додека три години ќе му забрани да управува со кој било авион.

Обвинителството тврдеше дека до несреќата дошло бидејќи екипажот не ги почитувал соодветните процедури за слетување, што резултирало со тоа што авионот удрил во пистата неколку пати. Ударот предизвикал критично преоптоварување на системите на авионот, што резултирало со уништување на авионот и смртоносен пожар.

Сепак, адвокатот на Јевдокимов истакна дека откако авионот бил погоден од гром, неговите системи претрпеле делумен дефект. Одбраната, исто така, тврдеше дека несреќата била предизвикана од дефекти во дизајнот, што резултирало со пробивање на опремата за слетување во резервоарот за гориво, како и неизвршување на соодветната проверка пред секој лет.

Сепак, рускиот Истражен комитет изјави дека податоците од црните кутии покажуваат дека авионот соодветно реагирал на командите на пилотот и дека контролниот центар на аеродромот „Шереметјево“ и службите за итни случаи не можеле да направат ништо за да ја спречат несреќата.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе

Грција воведува шестдневна работна недела

Читај повеќе

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе