Руски психолог ќе ви ги открие тајните на добриот секс

Рускиот психолог Михаил Лабковски тврди дека постојат три главни правила за добар секс.

„Како што сум кажал многупати досега, главната работа што треба да ја знаете за сексот е дека тој се случува во главата. Тоа може да го докаже секој експерт, од невролог до сексуален терапевт. Меѓутоа, многумина од нас и понатаму се соочуваат со проблеми во интимната сфера и никако не можат да разберат дека изворот на тоа не е партнерот, туку ние самите“, вели Лабковски.

Тој одвои три важни правила кои ќе ви помогнат да ја подобрите ситуацијата во спалната соба:

Љубов кон себе

Сексот, пред се, е биолошка потреба на една здрава личност. Но, многумина оваа потреба ја претвораат во нешто друго, со цел да добијат корист. На пример, некои жени го користат сексот како маневар за пазарење, па дури и за казнување на партнерот.

Мажите исто така играат игри, а тоа доведува до најтажни последици. Вистинските потреби се игнорираат, а растат психолошките комплекси.

За да не паднете во овие замки, прво мора да размислувате за себе. Ценете ги вашите желби, разберете ги, не си скратувајте здраво сексуално исполнување.

Фокус на тоа што ти треба

Жените обично се опседнуваат со убавината, а мажите со техниката. Едните мислат дека не се доволно добри или минуваат време размислувајќи за целулитот. Другите се плашат дека „акцијата“ ќе тргне погрешно, мачејќи го партнерот со прашања од типот „Беше добро, дали ти се допадна?“. Но, општо гледано, претставниците од двата пола ги откриваат сите свои комплекси и несигурности во интимните моменти.

Фокусирајте се на вашите чувства, постапки и врската со партнерот. Префрлете го вниманието на сексот, а не на тоа што другите би можеле да мислат за вас. Ќе видите како неговиот квалитет драстично ќе се промени на подобро.

Желба

Многу луѓе имаат секс на начин кој не го посакуваат па дури и кога не сакаат. За некои, ова е исполнување на брачна должност, други размислуваат за тоа како да го задоволат партнерот, целосно заборавајќи се себе.

Постојат и луѓе кои во сексот се согласуваат на нешто што за нив е непријатно, болно или понижувачки, само за да придобијат нечија наклонетост.

Таквото однесување доведува до најтажен исход – до психосоматски болести како психичка еректилна дисфункција или вагинизам, кога женското телот се затвора и самата пенетрација дава болка.

Затоа е важно да умеете да кажете „не“ на време, да немате секс од сожалување, чувство на должност, сочувство и слично. Единствено треба да го имате кога го посакувате, советува Лабковски.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Љубов и секс

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе