Рускоска ќе ја обжали одлуката за нејзината суспензија до Советот на јавни обвинители

Обвинителката Вилма Рускоска ќе ја обжали одлуката за нејзината суспензија до Советот на јавни обвинители.

Рускоска за МИА потврди дека го добила решението и дека рокот за поднесување жалба е 8 дена, кој почнува да тече од денеска.

Обвинителката Рускоска има два предмета кои се во пред истрага – едниот за Финансиска полиција и тој за станицата за технички преглед каде бил регистриран автобусот кој изгоре во Бугарија.

Токму за претресот на 18 јули во Управата за финансиска полиција, директорот Арафат Муареми на 8 август годинава поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против сите обвинители за кои тие сметаат дека постојат основи на сомнение за сторени кривични дела при постапување.

Републичкиот јавен обвинител, вчера врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, донесе Решение за оддалечување од функцијата на шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Рускоска додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против неа.

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, како што информираа вчера од ЈОРСМ, поднел предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

Македонија

Силјановска Давкова не рече „Северна“ пред пратениците: Ќе бидам претседателка и на левите, и на десните

Read more

Променливо време со температури до 26°C

Read more

Денес свечено примопредавање на претседателската функција

Read more

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Read more
 

Вести

Силјановска Давкова не рече „Северна“ пред пратениците: Ќе бидам претседателка и на левите, и на десните

Читај повеќе

Португалија произведе дури 95% од струјата од обновливи извори на енергија

Читај повеќе

Како Бил Гејтс го троши богатството и што ќе им остави на децата?

Читај повеќе

Каталонија гласа, цела Шпанија се тресе

Читај повеќе

Протести во Израел: Владата нема поим што прави

Читај повеќе

Сопружници нападнати од роднини во Аеродром поради имотно прашање

Читај повеќе

Скопјанка во Гази Баба ја нападнала својата потстанарка

Читај повеќе

Маж од Чаир физички ја нападнал вонбрачната партнерка

Читај повеќе

Променливо време со температури до 26°C

Читај повеќе