Рускоска: Случувањата во последните два месеца ме мотивираа да поднесам пријава за нов мандат

Случувањата во последните два месеца ме мотивираа да поднесам кандидатура за нов мандат во Основно јавно Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, рече вечерва суспендираната јавна обвинителка Вилма Рускоска во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ.

Таа претходно во повеќе наврати изјавуваше дека нема намера да аплицира за истото работно место од кое е времено оддалечена по пријавата на екс-директорот на Управата на финансиска полиција, Арафат Муареми.

– Во повеќе наврати изјавив дека немам намера да се кандидирам за истото работно место и мојата кандидатура за заменик републички обвинител го покажува токму тоа. Но, по природа сум борец и сето ова што се случи во последните два месеца ме мотивира повторно да поднесам пријава за истото работно место. Да не беше временото оддалечување од работното место, да не беше предлогот за поведување на дисциплинска постапка, сигурно немаше повторно да се пријавам, истакна Рускоска.

Суспендираната шефица на ОЈО ГОКК додаде дека со повторната кандидатура да биде на чело на институцијата сака да се избори во иднина на ниту еден колега да не му се случи она што ѝ се случи на неа.

Обвинителката Вилма Рускоска, која е времено суспендирана од позицијата шеф на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), се гони во својство на осомничена во случајот што го отвори Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, по кривичната пријава што екс директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми ја поднесе против неа и нејзини колешки.

Обвинителката синоќа даде исказ во Обвинителството, по што соопшти дека се гони за наводна злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 став 1 и за наводно фалсификување докази.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

Македонија

Силјановска Давкова не рече „Северна“ пред пратениците: Ќе бидам претседателка и на левите, и на десните

Read more

Променливо време со температури до 26°C

Read more

Денес свечено примопредавање на претседателската функција

Read more

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Read more
 

Вести

Силјановска Давкова не рече „Северна“ пред пратениците: Ќе бидам претседателка и на левите, и на десните

Читај повеќе

Португалија произведе дури 95% од струјата од обновливи извори на енергија

Читај повеќе

Како Бил Гејтс го троши богатството и што ќе им остави на децата?

Читај повеќе

Каталонија гласа, цела Шпанија се тресе

Читај повеќе

Протести во Израел: Владата нема поим што прави

Читај повеќе

Сопружници нападнати од роднини во Аеродром поради имотно прашање

Читај повеќе

Скопјанка во Гази Баба ја нападнала својата потстанарка

Читај повеќе

Маж од Чаир физички ја нападнал вонбрачната партнерка

Читај повеќе

Променливо време со температури до 26°C

Читај повеќе