Рустеми: Цената на патарините останува иста

Засега останува иста цената на патарините во државава, изјави денеска директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Ејуп Рустеми, одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на конференцијата „Безбедност на патиштата, предизвици и мерки за безбедни патишта“.

Рустеми информираше дека продолжуваат со модернизација на патарините на Коридорот 8.

– Како ЈПДП продолжуваме со модернизација на патарините по Коридорот 8, при што се очекува да почнеме со работа од март следната година и очекуваме до крајот на годината и Коридорот 8 да биде целосно модернизиран, односно да се спроведе електронско плаќање, рече Рустеми.

Со процесот на модернизација сите наплатни станица треба да имаат ист електронски ситем на наплата на патарина, како што е воспоставен и на Коридорот 10. На  постоечки наплатни станици на Коридор 8 треба да се изврши реконструкција за поставување на системот на електронска наплата, на кабините, на островот каде што се кабините и на сообраќајните ленти за поминување.

Рустеми исто така напомена дека согласно одлуката од „Отворен Балкан“, продолжуваат со соработка и со јавните претпријатија на Србија и на Албанија за заедничкиот проект за воспоставување еден уред за наплата на патарини во трите држави. Проектот е во фаза на прилагодување на системите, изработка на веб апликација и законски усогласувања.

ЈПДП во вториот квартал годинава наплати патарини во износ од 745.037.340 денари (12 милиони евра). Во споредба со истиот период од минатата година, приходот од патарини е поголем за 13,6 проценти, односно за 89.166.912 денари.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе