САД и Јужна Кореја почнаа заеднички поморски вежби

По пет години пауза, Јужна Кореја и САД ги почнаа првите заеднички поморски вежби во близина на Корејскиот полуостров, еден ден откако Северна Кореја лансираше балистичка ракета со краток дострел.

САД се воен сојузник на Јужна Кореја, каде што се стационирани околу 28.500 американски војници за да ја заштитат земјата од северниот сосед вооружен со нуклеарно оружје.

Конзервативниот претседател на Јужна Кореја, Јун Сук-Јеол кој дојде на власт во мај, се обидува да го зајакне воениот сојуз по неуспешните напори на претходната јужнокорејска влада да постигне дипломатско зближување со Пјонгјанг.

– Вежбите се подготвени да ја покажат силната волја на јужнокорејско-американската алијанса да одговори на севернокорејските провокации, соопшти јужнокорејската морнарица.

За време на четиридневните вежби ќе бидат ангажирани повеќе од 20 бродови, меѓу кои и американскиот носач на авиони на нуклеарен погон Ју-Ес-Ес Роналд Реган, како и бројни борбени авиони и хеликоптери.

Вежбите ќе се состојат од симулација на поморска и противподморничка војна, тактички маневри и други поморски операции, соопшти морнарицата. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе