Сали: Министерството за здравство не е најодговорно за смртта на пациентот со цистична фиброза

Министерството за здравство не би било најодговорната институција за смртта на пациентот со цистична фиброза, кој не дочека набавка на лекот трикафта, рече ресорниот министер Беким Сали.

По денешната посетата на Општа болница Струга, прашан дали чувствува одговорност за смртта на младиот битолчанец, тој рече дека на време пријавиле и побарале поддршка од Владата и Министерството за финансии, за да одговорат позитивно на барањето за третман на пациентите со цистична фиброза.

– Вчера изразив сочуство до сите членови на Асоцијацијата, со кои сум во постојана комуникација. И тие ја знаат мојата спремност за решавање на тој проблем кој за жал беше наталожен од други фактори, а не од Министерството за здравство. Имајќи предвид дека Министерството не ги купува лековите, туку го организаира системот и правно го овозможува давањето ингеренции на установите со што можат да располагаат и како да се организираат, изјави Сали.

Тој посочи дека вршат измени на три закони, кои ќе овозможат директно преговарање со производител на лекови.

– Со денешна одлука на Фондот за здравствено осигурување, а во меѓувреме треба да се одржи и седницата на Управниот одбор треба да се одлучи за дополнителен буџет кој ќе се одобри на педијатрија за да може да обезбеди лекови трикафта за пациенти кои се во критична состојба, рече Сали.

Според него, осуммина се во критична состојба и уште 22 се во фаза на средно тешка состојба.

Претходно, тој на својот Facebook профил сподели дека денеска се обезбедени 140 милиони денари буџетски средства за набавка на лекот трикафта за 8 пациенти со цистична фиброза.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Македонија

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Read more

Остануваат уште 9 дена изборна кампања: Партиските агенди и денеска набиени

Read more

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more
 

Вести

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе

Остануваат уште 9 дена изборна кампања: Партиските агенди и денеска набиени

Читај повеќе

Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите

Читај повеќе

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе