Сали: Од „Жан Митрев“ добивме 560 досиеја за пациенти кои биле третирани со хемофилтрација, потребно е време за анализа

Скопје, 29 јули 2022 (МИА) – Ние добивме материјали од „Жан Митрев“, беа кооперативни и ни ги доставија сите побарани материјали. Се работи за 560 ковид-пациенти кои биле третирани со хемофилтрација. Ќе ни треба време за анализа на тие 560 досиеја коишто се обемни. Да бидеме реални, 560 предмети ќе ни одземат доволно време за ние на јавноста на крај да ѝ дадеме конечен прецизен извештај што се случувало во „Жан Митрев“, изјави денеска министерот за здравство Беким Сали.

– Побаравме соработка на пет институции кои се поврзани со Министерството за здравство: ДСЗИ, Лекарска Комора, МАЛМЕД, Комисијата за интрахоспитални инфекции и Стручната комисија која ќе работи на анализа на секој поединечен случај за индикациите за примена на хемофилтрација во третирањето на ковид пациенти. Притисокот е огромен од јавноста за брзо решение и брзи заклучоци на комисијата за овој случај, истакна министерот за здравство, Беким Сали, при одговор на новинарско прашање во врска со случајот „Жан Митрев“.

Напомена дека е потребно време за анализа на тие 560 досиеја, затоа што, како што рече, имаме пациенти кои престојувале таму и по еден месец.

-Целиот тој третман треба да се анализира од експерти, лекари коишто цел живот тоа го работат. Тоа се групи формирани од четири клиники: Кардиохирурија, Интензивна клиника, Инфективна и Нефрологија. Ќе го анализираат секој поединечен случај и мора да напишат извештај на секој поединечен случај, истакна тој.

Сали побара да се даде простор и здравствените работници и институциите да ја работат својата работа, затоа што, како што рече, и тие се дел од општеството, и дека не би сакал во ниту еден момент кој било еднострано да гледа на случајот, туку, според министерот, мора да се гледа од сите страни за да се донесе прецизен заклучок во врска со овој случај.

По објавата на документарната емисија од Истражувачката репортерска лабораторија со наслов „Нечиста крв“, Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет врз основа на инструментот на допрен глас, предвиден во Законот за кривична постапка. Предметот е распореден кај надлежен јавен обвинител, кој ќе преземе дејствија за проверка на наводите од кои произлегуваат индиции за кривични дела против здравјето на луѓето.

Потоа, ИРЛ, Хелсиншкиот комитет за човекови права и Македонското здружение на млади правници преку соопштение до медиумите го повикаа Јавното обвинителство сериозно да му пристапи на случајот со Клиничката болница „Жан Митрев“ и особено да посвети внимание на постапувањето на државните институции при контролата на јавните и приватните здравствени установи.

Според овие организации, останува нејасно, зошто ниту институција не реагирала пред објавата на документарниот филм, со оглед на фактот што хемофилтрацијата била со месеци агресивно рекламирана на телевизиите од сопственикот на болницата, доктор Жан Митрев, особено затоа што претходниот министер за здравство, Венко Филипче, кој беше на позиција кога Ковид пандемијата стана реалност, ја убедуваше јавноста дека методот на хемофилтрација (филтрација на крвта) не е испитан, ниту пак медицински гарантира спас од коронавирусот, кој однесе илјадници човечки животи во државава.

Од друга страна стотици пријави од граѓани за неправилности и злоупотреби во рамки на државниот и приватниот здравствен систем пристигнале до редакцијата на ИРЛ, по објавувањето на  документарецот.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе