Samsung претставува дури 5 нови телефони во следните 3 недели

На 18 јануари и 1 февруари Samsung ќе ги одржи премиерите на новите уреди Galaxy A и Galaxy S.

Се чини дека паметните телефони на Samsung за 2023 година се најлошо чуваната тајна. Откако пред неколку месеци имавме можност да видиме како ќе изгледаат нивните нови телефони, сега се познати датумите на две премиери, од кои едната по грешка ја објави јужнокорејскиот гигант.

Samsung случајно објави дел за предрегистрација на колумбиската верзија на својата веб-страница, каде посетителите можеа да го видат датумот на Unpacked настанот на кој ќе бидат претставени уредите Galaxy S23 - 1 февруари 2023 година.

Сепак, пред светот да има шанса да ја види презентацијата на најдобрите уреди што ги нуди Samsung, љубителите на паметни телефони ќе имаат шанса да видат два уреди од средната класа - Galaxy A54 и Galaxy A34.

Компанијата објави дел за индиската верзија на страницата во која ја најавува премиерата на новите Galaxy A уреди, која ќе се одржи на 18 јануари во 8 часот по наше време.

URL

Како што веќе имавме можност да видиме, новите поевтини модели ќе изгледаат многу слично на уредите Galaxy S23, но моделот Galaxy A34 5G не се очекува да донесе некои драстични промени во спецификациите. Екранот Super AMOLED ќе биде малку поголем (6,5 инчи наместо 6,4), ќе се освежува на 90 Hz и ќе има Full HD+ резолуција. Според гласините, се очекува да се напојува со чипсет Exynos 1280 и да доаѓа во конфигурации со 6 или 8 GB RAM и 128 или 256 GB внатрешна меморија. Главната камера ќе биде оптички стабилизиран сензор од 48 MP, додека секундарните камери ќе бидат ултра широки 8 MP и макро 5 MP. Предната камера од 13 MP ќе биде одговорна за селфи.

Од друга страна, се очекува дијагоналата на Super AMOLED екранот на телефонот Galaxy A54 5G да биде 6,4 инчи, со Full HD+ резолуција и стапка на освежување од 120 HZ, а системот на камерата да се состои од оптички стабилизиран примарен сензор од 50 MP, камера со ултра широк агол од 12 MP, макро сензор од 5 MP и селфи камера од 32 MP. Наводно, батеријата ќе има капацитет од 5.100 mAh, а ќе се напојува од чипсет Exynos 1380 поврзан со 6 или 8 GB RAM и 128 или 256 GB внатрешна меморија.

Двата модели од средната класа се очекува да имаат сензор за отпечатоци под екранот, стерео звучници, IP67 заштита од вода и прашина, 5G, GPS, Wi-Fi 5, Bluetooth 5.2, USB-C и 25W брзо полнење.

Тагови
реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Мобилни

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Read more

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more
 

Гик

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе