Сателитски снимки открија исчезнување на второто најголемо езеро во Турција

Планетата Земја дефинитивно се менува, а со неа и целиот живот. Пример за тоа е и ситуацијата со турското езеро Туз.

Нови сателитски снимки открија неколку причини за загриженост. Сателитот Сентинел-2, во сопственост на Европската вселенска агенција, направи снимки од езерото кое некогаш било второто најголемо во Турција. Ова езеро во период од едно година е целосно исушено, а останато е само сол од него.

Езерото беше едно од најголемите солени езера во светот, а чии води типично надоаѓаа и се повлекуваа зависно од годишното доба. Но, намалувањето на водостојот стана подоминантен во изминатиот период, така што се помалку има вода.

Влијанието на агрикултурата и климатските промени за себе оставија само пространство сол без вода.

Фотографијата е анализирана во склоп на Коперникус програмата на ЕУ, а откри во каква состојба е езерото годинава. ова езеро, како и сите други солени езера, се создава кога дното ја задржува надојдената вода. Оваа вода носи сол и други минерали од реки и потоци, а потоа водата испарува зад себе оставајќи различни материјали. Езерото Туз се формира од дождовница и стопен снег кои се наоѓаат во него секоја пролет.

Станува збор за плитко езеро со длабочина од 1 метар, а водата сега испарува повеќе од претходно и остава слој од 8 сантиметри сол. Оваа претерана количина ја унапреди локалната индустрија во регионот која од езерото извлекува околу 250 милиони тони резерви сол.

Но, како и сите останати извори, така и овој пресушува. Постојат две причини за тоа, климатските промени и големата суша во овој регион.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе