Се чека планот на МОН за учебната година, Адеми излегува од изолација

Скопје, 10 август 2020 (МИА) – Министерот за образование и наука Арбер Адеми на својот фејсбук-профил објави дека е негативен на коронавирусот и дека од денеска им се враќа на работните активности. Како што беше најавувано во изминатиот период, на 10 август МОН треба да ги соопшти протоколите за реализирање на трите видови настава во зависност од епидемилошката состојба – со физичко присуство, онлајн-настава и комбинирана.

-Конечно заврши предизвикот со COVID-19. По две негативни последователни тестирања, од утре се враќам на активностите и многуте работи што се пред нас. Сакам да упатам порака до сите вас да бидете внимателни, да носите маски и да држите растојание. Благодарам од срце за изразената грижа, со вас ми беше многу полесно, напиша министерот на Facebook.

Адеми во петокот изјави дека зелено светло за модалитетите, како што рече, е дадено од Комисијата за заразни болести со кои во детали ги разработиле, добиле ставови и од СОНК и дека овие денови се очекува нивното финализирање. Додаде дека има доволно време до 1 септември навреме да се организира почетокот на 2020/2021 година и сите училишта да се подготват за спроведување на протоколите.

– Следна фаза е уште еднаш протоколите да се разгледаат во Комисијата и потоа на седница на Влада  да се одлучи кој модел конкретно би се активирал за кои околности и во која епидемиолошка состојба. Имаме време пред нас. Преовладува позитивно мислење и во Kоординативниот кризен штаб и во Владата, но и во образовните институции, учебната година да почне со физичко присуство. Не прејудицираме, се разгледуваат сите можни опции, ги имаме протоколите за сите модели на настава кои се подготвуваат низ инклузивен пристап со консултација на сите засегнати страни за да имаме издржани решенија, рече Адеми во петокот. 

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Македонија

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Read more

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Read more

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Read more

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Read more
 

Вести

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе

Остануваат уште 9 дена изборна кампања: Партиските агенди и денеска набиени

Читај повеќе

Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите

Читај повеќе

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе