Се изведуваат докази на судењето за организаторите на „27 април“

Скопје, 26 август 2020 (МИА) – Со изведување на предложените материјални докази од поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за организаторите на настаните од 27 април во Собранието.

Вељаноски продолжи со читање делови од стенографските белешки од неколку продолженија на конститутивната седницата во Собранието.

Тој прочита делови од обраќањето на Зоран Заев од собраниската говирница, образложувајќи дека тој во смс пораката само ги цитирал зборовите на Заев, дека ќе изберат претседател на Собранието и во ходник.

Вељаноски ги прочита имињата на пратениците кои добиле збор или барале процедурално, меѓу кои Оливер Спасовски, Илија Димовски, Крсто Муковски, Зекирија Ибраими и други, за кои посочи дека иако неколку пати ги повикал да се откажат од правото на реплика.

Следен доказ за презентирање е видео запис од продолжението на конститутивната седница на Собранието на 27 април 2017 година, што ќе биде презентиран по паузата.

Одбраната на Вељаноски има повикано и околу 50 сведоци, пратеници кои треба да бидат сослушани на некои од следните рочишта.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе