Сѐ се случи за неколку секунди – ќе се утврдува дали ајкулата што го усмрти Русинот во Хургада убила и други луѓе

Макфакс
/ 11.06.2023 / 12:05

Египетските власти потврдија дека телото на ајкулата е предадено на истражување со цел да се откријат причините за нејзиното однесување и да се утврди дали е истата што нападнала во неколку претходни несреќи.

Младиот Русин Владимир Попов (23) пред неколку месеци се преселил со својот татко во египетското одморалиште Хургада. Во тоа време не знаел каква страшна судбина ќе го снајде. Тој почина во четвртокот во напад на ајкула, а на овој трагичен настан присуствуваше и неговиот татко.

„Отидовме на плажа да се опуштиме. Син ми го нападна ајкула. ​​Сѐ се случи за неколку секунди“, изјави Јуриј Попов, таткото на жртвата.

Медиумите прво објавија дека девојката на Владимир успеала да побегне од морето откако ѕверот го нападнал Владимир, но неговиот татко вели дека тоа не е вистина. Според него, таму каде што бил Владимир, немало кој да му помогне.

URL

„Како некој можеше да му помогне? Таа мелница за месо нападна за 20 секунди. Го повлече син ми под вода“, рекол несреќниот татко.

Тој додава дека немилиот настан во кој загина неговиот син бил „зла судбина“ бидејќи, како што наведува, плажата на која се наоѓале се сметала за безбедна, а досега напади се случиле само на диви плажи.

Јуриј планира да ги кремира пронајдените останки на неговиот син и да ја однесе неговата пепел во нивната родна Русија.

На видеото снимено од ужаснетите гледачи се слуша плачот на Владимир: „Тато, тато, спаси ме!“.

Еден од набљудувачите од плажата рекол дека за прв пат со свои очи видел како ајкула убила некого.

Ајкулата беше заробена по нападот. На видеото кое подоцна беше објавено може да се види како убиеното животно се влече на брегот.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе