Сè што треба да знаете за топлотен удар и како да се заштитите

За време на жешките летни месеци, обично поминуваме повеќе време на отворено, изложени на сонце. Важно е да ја научите разликата помеѓу топлотен удар и истоштеност од топлина, а разликата помеѓу овие две состојби и препознавањето на симптомите може да ви помогне да се заштитите.

Времето денес ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 42°C. Индексот на УВ зрачење е 10.

Симптоми на топлотен удар

Кај лице погодено од топлотен удар, телесната температура може да се искачи на 40°C и повеќе. Симптомите вклучуваат конфузија, нејасен говор, обилно потење или жешка, сува кожа, губење на свеста, напади и висока телесна температура, пишува Healthline.

Овие симптоми се сметаат за многу сериозни и ако некое лице ги забележи овие симптоми, треба веднаш да побара медицинска помош.

Што се однесува до исцрпеноста што се јавува за време на жештината, таа е предизвикана од дехидрираност, носење тешка и тесна облека и консумирање алкохол.

Треба да се напомене дека одредени фактори можат да предизвикаат исцрпеност и топлотен удар.

Што сѐ може да влијае на зголемената чувствителност на топлина?

Возраст - деца под четири години и возрасни над 65 години имаат зголемен ризик бидејќи нивната способност да ја регулираат температурата е намалена.

Лекови на рецепт - Некои лекови на рецепт можат да ја намалат способноста на телото да се хидратира подолго време, а дехидратацијата може да доведе до топлотен удар.

Дебелина - Телото задржува повеќе топлина ако лицето има прекумерна тежина, а исто така може да биде потешко да се разлади телото.

Нагли промени во температурата - кога често се движите од ладна на топла локација, вашето тело можеби нема да може да се прилагоди на овие промени, па затоа може да ви биде потешко да ја регулирате температурата на вашето тело.

Како да се заштитите?

Еден од главните начини да се спречат болести поврзани со жештината е да се задржи телесната температура пониска, пишува Healthline. Ова е особено важно кога правите некои активности на отворено кога е жешко. Важно е да знаете што можете да направите за да се заштитите.

Еве неколку совети за превенција:

  • Останете хидратирани - Пијте две до четири чаши вода на секој час додека сте на сонце.
  • Избегнувајте алкохол и пијалоци со кофеин додека вршите активности на сонце.
  • За време на жешките денови, обидете се да поминете повеќе време во затворени простории или во климатизирани простории.
  • Во текот на најжешкиот дел од денот, избегнувајте активности на отворено.
  • Носете светла, лесна облека кога сте на отворено.
  • Туширајте се со поладна вода (но не непосредно по изложувањето на сонце).
  • Повеќе паузи за време на некои активности на сонце.
  • Никогаш не оставајте деца или кучиња во автомобил паркиран на сонце бидејќи температурата во автомобилот може да се зголеми многу брзо, што може да биде опасно.
Препораки за заштита на здравјето на населението од високите температури
реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Живот

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе