Се смирува четвртиот ковид бран – вкупно активни 3.233 случаи

Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 467 случаи со COVID-19 и 414 оздравени пациенти, со што вкупниот број на активни случи во земјава изнесува 3.233.

Надлежните остануваат на ставот дека сме во фаза на смирување на четвртиот бран, а Комисијата за заразни болести завчера излезе со препорака да се укинат сертификатите задолжителни за влез во моловите, што претставува еден чекор во насока на олеснување на рестрикциите.

Од Комисијата препорачуваат укинување на сертификатите задолжителни за влез во моловите, онаму каде што не е задолжително носење на маски. Сепак, како што посочи престедателот на Комисијата, Александар Петличковски, не сакаат нагло отфрлање на сите мерки, туку секојдневно ќе се следи епидемиолошката состојбата.

Исто така, за да се подигне имунитетот на популацијата, што би било основа и за натамошно релаксирање на мерките, веќе е почната кампања за вакцинирање на луѓето од ризичните групи.

Комисијата за заразни болести информира дека ним ќе им бидат закажани термини доколку не се целосно вакцинарани или немаат примено засилувачка (бустер) доза.

Во училиштата останува мерката за задолжително носење на маски. Од Комисијата за оваа мерка не дискутирале на последниот состанок, но како што потенцираат, епидемиолошката состојба во училиштата е стабилна.

Инаку, во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 467 случаи со COVID-19, од направени 2.533 тестови. Регистрирани се десет починати лица, а оздравеле 414 пациенти.

Од новозаболените, повторно најмногу се во Скопје 245, потоа во Куманово 34, Велес 22, Битола 20, Прилеп 19.

Досега во земјата се направени вкупно 1.898.672 тестирања на COVID-19.

Со ова, вкупниот број на КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 298.662. Бројот на оздравени пациенти е 286.378, на починати е 9.050. Вкупно има 3.233 активни случаи.

Што се однесува до европските земји, Германија вчера донесе одлука да ги избрише сите држави од листата на високоризични кога станува збор за епидемијата на коронавирусот.

Според надлежните, со ширењето на сојот омикрон, коронавирусот покажа дека е намалена неговата способност да предизвикува потешки форми на болеста, поради што како региони со висок епидемиолошки ризик се сметаат оние каде се шират поопасните соеви.

Шеесет и две држави и региони ќе бидат избришани од германската листа високоризични. 

реклама

Македонија

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Read more
 

Вести

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе