Секојдневната прошетка може да го намали ризикот од рак на дојка

Долгите прошетки може да го намалат ризикот од развој на рак на дојка за 10%, покажа студијата на Институтот за истражување на ракот во Лондон.

Вежбите како пешачење, возење велосипед и други спортски активности можат да го намалат ризикот од развој на болеста пред менопаузата.

„Ова е само еден од низата докази дека физичката активност е добра за здравјето. Нашите студии покажаа дека поголемата активност може да доведе до послаб развој на рак на дојка во периодот пред менопаузата“, вели д-р Мајкл Џонс, главен истражувач на Институтот.

Сè уште се утврдува биолошката врска помеѓу физичката активност и развојот на болеста.

Според податоците на Светската здравствена организација од 2020 година, рак на дојка бил дијагностициран кај 2,3 милиони жени ширум светот, додека во истата година биле регистрирани 685 илјади смртни случаи.

Иако ракот почесто се појавува кај постарите жени, помал е процентот на жени кои ја заболуваат оваа болест пред 45-тата година од животот.

Иако не е сигурно која е точната причина, фактори кои влијаат на развојот на болеста се возраста, семејната историја на болеста, дебелината и прекумерното консумирање алкохол.

Претходните истражувања покажаа дека пешачењето до 6 и пол часа неделно може да го намали ризикот до 30%.

Најновото истражување на Институтот, кое беше објавено во Journal of Clinical Oncology, беше спроведено во 19 земји во светот и беа опфатени околу 547 илјади жени.

реклама

Здравје

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Read more

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Read more

Два пијалака кои се најлоши за здравјето на цревата

Read more
 

Магазин

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Читај повеќе

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Читај повеќе

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Читај повеќе

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Читај повеќе