Секс совети за жени: Како оргазмот да трае подолго?

Жените треба да доживуваат најмалку три оргазми неделно за подобро расположение, а експертите откриваат совети како оргазмот да им трае уште најмалку 20 секунди подолго.

Кога станува збор за физиологијата на оргазмот, жените се во предност, бидејќи нивните оргазми траат подолго отколку оргазмот кај мажите (околу 3 секунди), а со доволно труд може да постигнат и неколку оргазми со ред.

„Кога жената е сексуално задоволена се чувствува фантастично и своето добро расположение го пренесува на другите“, вели д-р Адреа Пенингтон.

Таа смета дека жените треба да доживуваат најмалку три оргазми неделно, што има многу позитивни придобивки, од здравствени до психички.

„Но, покрај физичката предност на можноста да се постигнат повеќекратни оргазми, негативната страна е фактот дека на секои три машки оргазми се случува еден женски и тоа мора да се промени“, смета д-р Пенингтон.

При сексуално возбудување доаѓа до зголемен проток на крв кон гениталиите. Огромен број нервни завршетоци во пелвисот, задникот и бедрата се затегнуваат, а кога ќе ја достигнете кулминацијата телото ја ослободува напнатоста во низа благопријатни бранови во интервали од 0,8 секунди. Големите оргазми може да се состојат од 10 до 15 бранови, а помалите од 3 до 5.

Во меѓувреме, вашиот мозок целосно се фокусира на на сетилата во изменета состојба на свеста. Ниту една друга природна стимулација не е способна да го создаде ова ниво на интензивна концентрација – во текот на оргазмот губиме свест за звуците и мирисите околу нас. Просечниот оргазам трае од 6 до 30 секунди.

Ако сметате дека вашите оргазми се „кратки и слатки“, експертите откриваат неколку трикови како да го продолжите оргазмот.

Една од техниките е т.н. edging техника, односно доаѓање до работ на оргазмот и повлекување, па повторно продолжување на стимулацијата. Со повторување на оваа техника два-три пати се создава посилен и подолг оргазам кај 65% од жените.

Друг метод е оној со одвлекување на вниманието, односно создавање на некаква „пречка“ кога се доближувате до оргазам, како тапкање со прстите на внатрешната страна на бедрото. Ако го повторите ова неколку пати, оргазмот ќе биде значително подолг.

„Истражувањата покажуваат дека една од 20 жени никогаш не доживеала оргазам. Има жени кои не знаат како да доживеат оргазам, сами или со партнер. Околу 80% од случаите на неможност да се постигне оргазам се поврзани со психолошки проблеми, загриженост во врска со физичкиот изглед, претходни искуства или религиозни и културни предрасуди и ограничувања“, објаснува д-р Пенингтон.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Љубов и секс

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Read more

Венера влезе во Бик – љубовен ураган до 23 мај

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе